Трамп за Брегзит: Би имал поцврст став од Тереза Меј

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој би имал поцврст став кога станува збор за преговорите за Брегзит, од тој што го користи британската премиерка Тереза Меј.

Трамп даде интервју за британската телевизија ИТВ њуз на маргините на Светскиот економски форум во Давос, а кој во целост ќе се емитува денес.

„Дали јас така би преговарал? Не, не би преговарал на начинот на кој се преговара. Би имал поинаков пристап“, рече Трамп, но не даде детали, пренесе АП.

Во истото интервју, Трамп се извини за ретвитување на снимките на британската десничарска група, а на принцот Хари и неговата избраничка Меган Маркл им посака среќа.

Велика Британија се подготвува да ја напушти Европската унија во март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот