Трамп: Во извештајот на Малер има измислици

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли изјавите од извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер за можното руско мешање во изборите во 2016 година како „измислени“ од неговите политички непријатели.

– Изјавите дадени за мене од некои луѓе во извештајот на лудиот Милер, напишани од 18 лути демократи, се измислени и целосно невистинити, напиша Трамп на Твитер.

Во извештајот се наведува дека тимот на Малер не нашол докази дека Трамп или кој било друг од неговиот штаб соработувал со Русија.

Деталите од објавениот извештај на специјалниот обвинител Роберт Малер од истрагата за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година откриваат повеќе интригантни моменти за обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја поткопа истрагата за да биде ослободен од одговорност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, извештајот за истрагата, што траеше 22 месеци, е на 400 страници и беше објавен вчера.

Во него се наведува дека Малер не успеал да открие „опструкција на правдата“, бидејќи „функционерите на должност не ги проследиле наредбите на Трамп“ и затоа што истрагата не го сослушала лично претседателот „оти тоа можело да го развлече рокот за нејзино спроведување“.

Специјалниот обвинител не донел заклучок за опструкција, бидејќи Малер не можел да заклучи дека не постоело нарушување на законот од страна на Трамп, но „постои можност Конгресот да донесе таков заклучок“.

Конкретно, претседателот се обидел да ја попречи истрагата преку својот соработник Кори Левандовски. Од извештајот се дознава дека на 19 јуни 2017 година, Трамп во Белата куќа се сретнал со Левандовски и му предал информација за тогашниот државен обвинител Џеф Сешнс.

Во пораката Трамп побарал Сешнс да излезе со изјава дека „истрагата била незаконска“. Сепак, Левандовски не ја предал таа порака до државниот обвинител, туку до чиновник од понизок ранг, кој „не се почувствувал сигурен и затоа не ја предал пораката“.

Понатаму, од документот се дознава и дека во јуни 2017 година Трамп се обратил до поранешниот адвокат на Белата куќа, Дон Макган и му наложил да се поврзе со државниот обвинител и да му пренесе дека Малер „ја злоупотребува службената положба и треба да биде отпуштен“. Адвокатот, сепак, одбил да го стори тоа. – Подобро ќе поднесам оставка, отколку да испровоцирам „колеж во саботната ноќ“, изјавил Макган.

Кога Малер бил назначен за специјален обвинител и советник на министерот за правда со задача да ја истражи вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година и за можен заговор на штабот на Трамп, претседателот рекол: „ова е крај на моето претседателство“.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари