Трамп: Треба да се прости долгот на Порторико

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе треба да се прости долгот на Порторико опустошен од ураганот Марија. Трамп го изјави тоа додека беше во посета на карипскиот остров кој е американска територија, за да се запознае со ситуацијата.

Во интервју за Фокс њуз, претседателот рече:

– Тие (Порториканците) им должат многу пари на нашите пријатели од Волстрит, и ќе треба да им ги отпишеме. Ќе се простите со нив, не знам дали е тоа банката Голдман Сакс, но кој и да е може да им помогне.

Белата куќа не одговори веднаш на прашањата како претседателот смета дека ќе се изврши тоа.

Долгот на Порторико е 72 милијарди долари. Здравствениот и пензискиот систем се во пракса нефункционални. Претходниот гувернер на островот рече дека долгот не може да биде платен. Пред извесно време владата на Порторико водеше тешки преговори за преструктуирање на дел од долгот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас