Трамп телефонски разговарал со лидерот на талибанците за мировниот договор во Авганистан

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски разговарал со главниот преговарач на авганистанските талибанци, мулата Барадар Ахунда. Британските медиуми пренесуваат дека е ова првиот нивен директен контакт, инициран од спорот околу ослободувањето на заробените талибанци што се заканува го загрози штотуку потпишаниот мировен договор за Авганистан.

Телефонскиот разговор, што прв го соопшти портпаролот на талибанците, а потоа и самиот Трамп, следеше непосредно по потпишувањето на договорот за повлекување на американските сили од Авганистан, со што ќе се заврши најдолгата војна на САД, а што, сметаат британските медиуми, може да му ги зголеми шансите на Трамп да го обезбеди вториот мандат во Белата куќа.

Мировниот договор е доведен во прашање бидејќи авганистанскиот претседател Ашраф Гани одби да спроведе една од неговите клучни точки- ослободување на 5.000 заробени талибанци.

Трамп на новинарите во Белата куќа им кажа дека разговорот со лидерот на талибанците бил многу добар.

Би можело да ве интересира

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски

САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година

Волц: Трамп ќе размисли за обновување на испораките за Украина доколку се изгради доверба

(ВИДЕО) Стармер: Треба да го поддржуваме Зеленски, а не да му ласкаме на Путин

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

(ВИДЕО) Конгресмен исфрлен од седницата за време на говорот на Трамп

Горан Наумовски