Обвинител нареди истрага за сите вмешани во инцидентите во српското Собрание

Од:

Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград, во врска со инцидентот што се случи на Првата пролетна редовна седница на Народното собрание на Република Србија, упати барање до Управата за криминалистичка полиција за прибирање на потребните информации за утврдување на сторителот и постоење суштински елементи на кривичното дело Тешки дела од општа безбедност.

На полициски службеници им е наредено да ги утврдат релевантните факти и да ги соберат сите расположливи докази со цел да се утврди идентитетот на лицата кои ги донеле и употребиле пиротехничките средства, како и како тие биле внесени во просториите на Народното собрание на Република Србија. Наредено е да се утврди и идентитетот на лицата кои фрлале разни предмети и притоа им нанеле повреди на пратениците. Наредено е и утврдување на идентитетот на повредените пратеници, како и прибирање медицинска документација за здобиените повреди.

По утврдување на целосните и точни факти, јавноста ќе биде информирана за понатамошното постапување.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари