Трамп: Светска банка да не и’ дава повеќе кредити на Кина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во повеќе пораки на „Твитер“ ја повика Светска банка да не и’ дава повеќе кредити на Кина.

– Зошто Светска банка и дава пари на заем на Кина? Како е тоа можно? Кина има многу пари, а и кога ги нема ги наоѓа. Стоп“, напиша Трамп, додавајќи дека кредитите на Светска банка „ќе бидат намалени како што е договорено со американските акционери“.

Американскиот претседател нагласи дека кредитите постепено ќе престанат да им се даваат на земјите кои стануваат побогати.

Администрацијата на САД смеа дека Кина како втора економска сила во светот е доволно богата да се финансира сама и не и се потребни кредити од Светска банка.

Кина и САД се во трговска војна веќе една и пол година. Засега се уште не се знае кога ќе биде постигнат трговски договор. Билатералните односи се дополнително влошени бидејќи американскиот Конгрес наводно ја осудил кинеската политика во Хонгконг и кон Ујгурите, муслиманско малцинство во северозападниот дел на Кина.

Би можело да ве интересира

САД: Градоначалничката на Атланта позитивна на коронавирус

Ана Ололовска

Во изминатите 24 часа во Пекинг нема заразени, за првпат од јуни

Ана Ололовска

САД анализираат забрана за кинески социјални мрежи

Ана Ололовска

САД укинуваат визи за студенти кои учат на далечина

Ана Ололовска

Северна Кореја: Не планираме нов самит со САД, Сеул шири гласини

Ана Ололовска

Трамп: Училиштата мора да се отворат на есен

Ана Ололовска