Трамп: Средбата со Ким ќе се одржи во Ханој

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп најави дека неговата втора средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун ќе се одржи во Ханој, Виетнам.

Трамп во неколку твитови го пофали Ким и наведе дека неговите претставници штотуку отпатувале од Северна Кореја, каде што имале „продуктивни состаноци“ за 27 и 28 февруари.

„Се радувам што ќе се видиме со претседателот Ким и ќе го унапредиме прашањето за мирот“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој изрази уверување дека Северна Кореја еден ден ќе стане економска сила под раководство на Ким.

Првиот состанок на Трамп и Ким се одржа во јуни минатата година во Сингапур, кога водачот на Северна Кореја вети дека ќе работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Мадона брутално му се нафрли на Трамп

А1он

Откриена строго чуваната тајна колку е богат Барон Трамп

А1он

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Лукашенко за Трамп: Тој е одличен шоумен, актер, не е за претседател

А1он

Нетанјаху: Благодарност до Трамп што го исполни ветувањето, сега можеме да се браниме

А1он

Трамп најави важен разговор во следните 24 часа

А1он