Трамп смета дека носењето заштитна маска е личен избор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека одлуката за носење заштитна маска, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, е личен избор на секој поединец, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекинани.

„Негова одлука е дали ќе носи маска. Личен избор на секој поединец е дали ќе носи маска или не, рече портпаролката на прашањето како ја коментира новата наредба за носење заштитни маски во Џексонвил, Флорида, каде ќе се одржи дел од конвенцијата на Републиканците за номинација на оваа партија за претседател на САД.

Мекинани рече дека Трамп ги охрабрува луѓето да донесат каква било одлука што е најдобра за нивната безбедност.

„Но, тој ми рече дека нема проблем со носење маски,“ рече Макенани и им порача на граѓаните да го направат она што од нив го бараат надлежните на локално ниво.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека Трамп треба да издаде наредба за задолжително носење заштитни маски во јавност и го повика тој да биде пример за другите, со тоа што ќе носи маска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина