Трамп смета дека е жртва на медиумска кампања за дискредитирање

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е жртва на најмоќната кампања за дискредитирање од страна на американските медуми во историјата, изјави тој во интервју за телефизискиот канал „Фокс њуз“.

– Зборувам за исфабрикувани вести, кои се во огромен број. Медиумите мошне добро знаат што зборувам и што имам предвид, изјави тој и како примери ги посочи весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“, телевизиските компании Си-Би-Ес, Ен-Би-Си и Си-Ен-Ен.

– Во историјата нема човек, за кого медиумите објавувале толку нечесни и невистинити материјали, како за мене. Без разлика за што станува збор, дури и кога станува збор за некоја исклучителна вест или некој позитивен знак, тие пишуваат во негативен тон, вели Трамп.

Тој е уверен дека опозициската Демократска партија и медиумите, кои се блиски до неа „намерно објавуваат неверодостојни информации со цел да го дискредитираат и да го делегитимираат него самиот и неговата администрација“.

Тој ги нарече продемократските медиуми „непријатели на народот“.

Коментирајќи го незаконското објавување на телевизиската компанија Ем-Ес-Ен-Би-Си на неговата даночна декларација за 2005 година, Трамп изјави: „Немам поим од каде ја нашле, но тоа го направиле незаконски. Немаат право да поседуваат такви податоци, тие не смее да станат објект на истекување“.

Трамп додаде и дека во објавената даночна декларација нема никакви сомнителни детали.

Тој изјави дека социјалните мрежи се извонреден изум, кој му овозможува да пренесе порака до милиони луѓе без посредници.

Би можело да ве интересира

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

„Телеграф“: Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија

Трамп: Верувам дека Путин сака мир