Трамп следниот месец ќе ја посети Јапонија по инаугурацијата на новиот цар Нарухито

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија следниот месец ќе отпатуваат во Јапонија и ќе бидат првите државни гости на земјата по инаугурацијата на идниот цар Нарухито, соопшти Белата куќа.

За време на неговата посета од 25 до 28 мај, Трамп ќе ома средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе, за која Белата куќа наведува дека ќе „ги продлабочи блиските односи меѓу американскиот и јапонскиот народ и ќе го истакне значењето на нивното сојузништвото”.

Јапонскиот цар Акихито (85), треба да го напушти тронот на 30 април, а неговиот најстар син Нарухито (59), ќе биде крунисан на 1 мај. Тоа ќе биде прва абдикација на јапонски император по речиси два века.

Абе, пак, треба да допатува во Вашингтон на 26 и 27 април, соопшти Белата куќа. Тој во Вашингтон ќе разговара со американски официјални претставници за меѓусебната трговија на двете земји и за Северна Кореја.

Јапонскиот хроничен трговски суфицит со САД го испровоцира Трамп и доведе до започнување на преговори меѓу двете земји во Вашингтон околу билатералниот трговски договор.

Јапонскиот министер за економска ревитализација Тошимицу Мотеги и американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер одржаа дводневни разговори, кои почнаа во понеделникот.

Лајтхајзер го „нагласи многу високиот трговски дефицит со Јапонија, кој изнесуваше 67,6 милијарди долари во 2018 година”, се вели во соопштението на постојаниот американски трговски претставник.

Двете страни воглавно се согласија околу воведувањето царини за стоки, како што се земјоделски и индустриски производи, соопшти Мотеги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски