Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор за ставање крај на војната во Украина.

Трамп нагласи дека нема желба да воведува секундарни царини, кои претходно се закануваше дека ќе ги воведе на купувачите на руската нафта, пренесува Ројтерс.

Трамп рече дека постои комуникација со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и дека американската администрација најверојатно „ќе направи нешто“ во однос на ангажманот со Пјонгјанг.

Американскиот претседател истакна дека постои можност веќе следниот месец да ја посети Саудиска Арабија, а патувањето ќе опфати и посети на други земји, како Катар и потенцијално Обединетите Арапски Емирати.

„Може да биде следниот месец, можеби малку подоцна“, им рече Трамп на новинарите.

И покрај уставното ограничување од два мандата, Трамп посочи дека би сакал да се кандидира против поранешниот американски претседател Барак Обама на претседателските избори во 2028 година, пишува ABC News.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Путин му порача на Иран: Русија е со вас