Трамп: САД ќе го прогласат левичарското движење АНТИФА за терористичка организација

Од:

САД ќе го прогласат левичарското движење АНТИФА за терористичка организација, соопшти вчера на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.

АНТИФА е екстремно левичарско движење што се бори против фашизмот.

Соопштениот став на Трамп на Твитер следеше откако тој и јавниот правобранител Вилијам Бар ги обвинија антифашистите и анархистите за уличните немири по смртта на Џорџ Флојд, кој умре во Минеаполис, откако еден полицаец го притисна коленото врз неговиот врат за време на апсењето.

Други тврдат дека десничарските екстремисти, како што се поддржувачите на движењето „Бугало“, кои се надеваат дека ќе предизвикаат втора граѓанска војна во САД, се одговорни за немирите за време на протестите, пренесува Ен-Би-Си њуз.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност