Трамп размислува да воведе санкции за проектот за гасоводот Северен поток 2

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да воведе санкции за проектот за гасоводот Северен поток 2, одговарајќи на новинарско прашање за евентуални американски санкции против гасоводот.

Трамп рече дека тој е првата личност кој предложил да се направи нешто за она што го нарекува „проблемот со гасоводот“.

– Јас сум тој кој прв го покрена проблемот со гасоводот во кој Русија дава огромен процент енергија. Знаете дека тој гас влегува во Германија. Јас велам: Како можете да го правите тоа?, рече Трамп за време на посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда во Белата куќа.

Американскиот претседател изјави дека САД, со спротивставување на проектот, „ја штитат“ Германија од тоа да стане премногу зависна од Русија.

– Германија прави огромна грешка со тоа што премногу се потпира на гасоводот. Но Германија повторно го гледа својот интерес и добро се справува. Бев критичен. Бев критичен кон енергијата што ќе ја испорача овој гасовод, рече Трамп.

Северен поток 2 е заеднички проект на рускиот енергетски гигант Газпром и пет европски компании. Негова цел е да испорачува 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно директно до Германија и други европски земји преку гасовод на дното на Балтичкото Море.

Проектот за гасоводот го поздравија некои земји во Европа, но останатите му се спротивставија, изразувајќи загриженост за евентуална опасност од зависност на Европа од Русија и намалување на улогата на Украина при транзитот на руски гас.

Русија во неколку наврати повтори дека нафтоводот е чисто комерцијални проект.

Во меѓувреме САД, кои се стремат да го промовираат својот течен природен гас во Европа, се еден од најголемите противници на изградбата на гасоводот Северен поток 2 и ги повикуваат европските партнери на Газпром да се повлечат од проектот или ќе им бидат воведени санкции.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија