Трамп: Разговарав со Путин, го молев да ги поштеди животите на Украинците во Курск

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да дојде до крајот“.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер „да ги поштеди нивните животи“ откако наводно биле опколени од руските сили.

„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски

Пахлави: Трамп е подготвен да им помогне на демонстрантите во Иран