Трамп разговарал со Зеленски и со европските лидери по средбата со Путин

Од:

Трамп имал долг разговор со Зеленски во текот на летот кон Вашингтон, објави Белата куќа.

Кабинетот на украинскиот претседател потврди дека Володимир Зеленски утрово разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Разговорот беше долг – прво меѓу претседателот Зеленски и Трамп, а потоа се вклучија и европските лидери“, соопшти неговиот кабинет.

Зеленски не учествуваше во разговорите меѓу Трамп и Владимир Путин во Алјаска, но американскиот претседател претходно ја најави можноста за втора средба, овој пат со Зеленски, доколку првите разговори бидат успешни.

Кабинетот на британскиот премиер потврди дека Кир Стармер разговарал и со Трамп и со Зеленски по средбата во Алјаска. Тој утрово се придружи на заеднички повик со лидерите на другите европски членки на НАТО.

Во соопштението од Кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер наскоро повторно ќе разговара со европските лидери.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина