Трамп: Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.

– Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите.

-Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми се допаѓаат такви работи. Во основа, ние испраќаме разни парчиња софистицирана воена опрема во Украина. Тие ќе ја платат целата цена за тоа, бидејќи така ни одговара, рече Трамп.

Зборувајќи за потенцијален договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

-Преговорите се во тек и се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор до крајот на неделата, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека разговарал со заменик-директорот на американското ФБИ, Ден Бонгино, за да го намали незадоволството на јавноста од тоа како Министерството за правда на САД го заврши случајот со обвинувањата против Џефри Епштајн и неговиот наводен список на клиенти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Воведувам глобални царини од 10 проценти

Горан Наумовски

Претседател на САД тврди: Постојат алтернативи на царините

Американските акции растат откако Врховниот суд пресуди против царините на Трамп

Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

Горан Наумовски

ВИДЕО: Застој во преговорите, Трамп размислува за ограничен воен удар за да се присили Иран на договор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп: Сакав да си доделам Медал на честа затоа што бев неверојатно храбар

Катерина Ѓуровски