Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, се „шахисти од светска класа“.
Говорејќи во државата Висконсин, Трамп го критикуваше својот противник на претседателските избори, Џо Бајден, оценувајќи дека доколку стане претседател тој нема да може да се справи со светските лидери, јавува Тасс.
Според него, Бајден не може да соработува со нив како рамноправен партнер, затоа што, како што рече, „не е во своите најдобри години“.
Бајден, доколку биде избран, ќе биде најстариот претседател во историјата на САД, со 78 години.