Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека е можно рускиот претседател Владимир Путин „малку“ да му помага на Иран во војната против САД и Израел.

„Мислам дека можеби малку им помага, претпоставувам, и веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“, изјави Трамп денес за Фокс њуз во радио интервју, пренесува ДПА.

Неколку медиуми објавија дека Русија му испраќа на Иран информации за американските сили и потенцијалните цели на Блискиот Исток.

Американската телевизија Си-Ен-Ен и Вашингтон пост објавија дека Москва му доставува на Техеран детали за локациите и движењата на американските трупи, бродови и авиони.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, кој ја предводи американската делегација во преговорите со Москва и Киев за завршување на војната во Украина, неодамна беше прашан за тоа неколку пати.

Виткоф рече дека ја информирал Русија дека не треба да го поддржува Техеран со воени разузнавачки информации. Тој исто така неодамна рече дека руските претставници го увериле Трамп во телефонски разговор дека нема да споделуваат разузнавачки информации со Иран.

Би можело да ве интересира

Танкерите користат нова рута во Ормутскиот теснец

Ројтерс: Внатрешните немири во Белата куќа ги обликуваат пораките на Трамп за војната со Иран

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Во тек се индиректни преговори меѓу САД и Иран

„Њујорк тајмс“: Иран сè уште не е подготвен за преговори за завршување на војната

ИРГК објави: Нападнат е центарот на Амазон во Бахреин