Трамп: Путин е подготвен за денуклеаризација, мислам дека и Кина би го сторила тоа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека за време на неодамнешната средба во Алјаска со неговиот руски колега Владимир Путин, разговарал за нуклеарно разоружување. Трамп ги сподели овие информации со новинарите во Белата куќа, објавува „Киев Индепендент“.

„Мислам дека денуклеаризацијата е многу, тоа е голема игра“, рече Трамп.

„Но, Русија е подготвена да го стори тоа и мислам дека Кина ќе биде подготвена да го стори тоа. Не смееме да дозволиме ширење на нуклеарно оружје. Мора да го запреме нуклеарното оружје“, додаде тој, без да навлегува во понатамошни детали од разговорот. Кремљ сè уште не ја коментирал изјавата на Трамп.

Според извештајот од март 2024 година на Федерацијата на американски научници (FAS), Русија има најголем нуклеарен арсенал во светот со вкупно 5.580 боеви глави, од кои околу 1.200 чекаат да бидат демонтирани. Рускиот арсенал вклучува тактичко оружје наменето за употреба на бојното поле, како и стратешко оружје со дострел до територијата на Соединетите Американски Држави.

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Москва постојано упатува нуклеарни закани до Украина и Западот. Иако заканите не се материјализираа, остануваат загриженостите за воените амбиции на Русија, а разговорите за контрола на оружјето меѓу Москва и Вашингтон досега не донесоа никаков напредок.

На средбата меѓу Трамп и Путин во Алјаска, му претходеше период на зголемени тензии. Американскиот претседател неколку недели претходно нареди две американски нуклеарни подморници да бидат преместени во „соодветни региони“, одговарајќи на провокативната реторика од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Медведев тврдеше дека зголемената вклученост на Вашингтон во завршувањето на војната против Украина може да ги доведе САД и Москва во директен конфликт, постојано заканувајќи се со нуклеарна ескалација. Трамп потоа го обвини Медведев дека „влегува во многу опасна територија“, нарекувајќи го „неуспешен поранешен претседател“ и го предупреди да „внимава на своите зборови“.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина