Трамп: Преговорите со талибанците се мртви

Од:

Претседателот Доналд Трамп изјави денеска дека разговорите на САД со талибанците во Авганистан се „мртви“.

На прашањето за разговорите, Трамп одговори: „Тие се мртви. Што се однесува до мене, тие се мртви“.

Американскиот претставник Залмај Халилзад преговараше со политичкото крило на талибанците во Доха речиси една година.

Се чинеше дека тоа ќе биде непосреден договор за крај на најдолгата американска војна, но ситуацијата се промени во последен момент, јавуваат американски медиуми.

Трамп на својот профил на Твитер во саботата напиша дека ја откажал својата планирана средба со талибанците и авганистанските лидери во „Кемп Дејвид“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски