Трамп пред средбата со Путин – што може да му понуди

Од:

Танјуг – Белград

Советот за национална безбедност на Белата куќа и претставници на Стејт департментот разгледуваат што САД можат да и понудат на Москва, сметаат актуелни и поранешни шефови на администрацијата, кои побараа да останат анонимни.

Белата куќа соопшти дека „нема специфична агенда” пред првиот состанок на претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Од тука се поставува прашањето, за што светските лидери би можеле да дискутираат, ако се знае дека се познати по нивната непредвидливост.

Трамп можеби ќе бара отстапки од Русија за да покаже напредок во односите на двете нации, додека Путин сигурно нешто ќе бара за возврат, бидејќи постои долга листа на работи кои ги „иритираат” двете држави.

Лидерите во Кремљ очекуваат дека клучни теми на состанокот на рускиот и американскиот претседател, кој се очекува на маргините на самитот на Групата 20 (Г-20) во Хамбург, да бидат состојбата во Сирија и Украина и војната против тероризмот, изјави заменикот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој укажа на наводите на медиумите дека американската страна има намера да ги покрене прашањата за Сирија и Украина на состанокот меѓу Трамп и Путин.

– Сметам дека е многу логично да се разговара за тие две прашања, рече Ушаков.

Според него, Кремљ исто така смета дека пред се неопходно е да се разговара и за проблемот со меѓународниот тероризам, бидејќи соработката меѓу Русија и САД е неопходна и во таа сфера.

– Постојат голем број и на други теми за кои сме подготвени да разговараме, наведе Ушаков, прецизирајќи дека ќе стане збор за „сите регионални прашања, контрола на вооружувањето и билатералните односи”.

Тој рече и дека постојат голем број проблематични сфери во руско-американските односи.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади