Трамп потврди дека ја укинал тајната програма на ЦИА за Сирија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално потврди дека ја укинал тајната програма на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за помош на сириските бунтовници.

Според Трамп, ваквата одлука е донесена бидејќи програмата била „опасна и расипничка“.

Информацијата дека Трамп ја укинал програмата на ЦИА за помош на сириските групи кои се борат против силите лојални на претседателот на Сирија, Башар ел Асад уште минатата медела ја обелодени „Вашингтон пост“, повикувајќи се на анонимни извори.

Потврдувајќи ја информацијата, Трамп преку својот налог на твитер го обвини „Вашингтон Пост“ дека „ги фабрикувал информациите за големите, опасни и расипнички исплати на бунтовниците во борбата против Асад“.

Во својот напис „Вашингтон Пост“ тврдеше дека Трамп решил да ја прекине четиригодишната тајна операција на ЦИА за финансирање на сириските бунтовници, затоа што таа имала „органичено влијание“, особено по активното вклучување на руските сили на страната на Асад во 2015 година.

Според весникот, ваквата одлука на Трамп го потврдува интересот на Трамп за изнаоѓање начини за соработка со Русија, како и признавање на ограничената моќ на САД во плановите за смена на Асад од власта.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски