Трамп: Постои можност „нешто да се постигне“ за Парискиот договор

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп на заедничката прес-конференција во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон најави дека постои можност „нешто да се постигне“ за Договорот од Париз за климатските промени, од кој Вашингтон се повлече пред извесен период.

Но, тој не прецизира што евентуално би било преземено за Парискиот договор.

– Нешто би можело да се случи со Парискиот договор, ќе видиме што. Ќе разговараме за тоа во следниот период. Ако се случи ќе биде прекрасно, ако не се случи тоа, ќе биде во ред. Ќе видиме што ќе се случи. Разговаравме за многу работи, како за прекин на огнот во Сирија, а на кратко и за Парискиот договор, посочи Трамп.

Макрон наведе дека со Трамп дели исти ставови за многу теми.

– Заедно ќе напредуваме. Ќе работиме заедно и сакам да продолжам да работам со САД, посочи Макрон.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела