Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може.

„Унгарија многу ја цени посветеноста на новиот американски претседател за мир. Ако Трамп не може да постигне мир во Украина, никој не може. Целосно ги поддржуваме напорите на Трамп“, рече Сијарто по средбата со вршителот на должноста на американската амбасада во Будимпешта, Роберт Паладин.

Како што наведе, безобразно е тоа што Брисел го попречува успехот на овие потфати, пренесува МТИ. Сијарто исто така рече дека разговорот со Паладин бил одличен и додаде дека односите меѓу Унгарија и САД се проткаени со взаемно почитување.

Би можело да ве интересира

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хегсет: Не напаѓаат затоа што сме ефикасни, но тоа нема да им помине

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп