Трамп подготвува голема прес-конференција за коронавирусот

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека вечерва ќе оддржи прес конференција околу ситуацијата со новиот коронавирус.

Додека болеста се шири глобално и има опасност да стане пандемија, главните здравствени институции на САД испратија предупредување до Американците дека треба да се подготват за најлошото – епидемијата да се прошири и во САД.

На пресот најавен од Трамп ќе присуствуваат и претставици на федералните Центри за контрола и превенција на заболувања (ЦДЦ).

Претходно, претседателот ги критикуваше претставниците на американските медиуми како известуваат за ситуацијата со коронавирусот, нарекувајќи ги „лажни вести“.

Според Трамп, Администрацијата и ЦДЦ „одлично се справуваат“ со сиуацијата како на пример навременото затворање на границата на САД за некои светски региони.

Како што синоќа изјави американскиот министер за здравство, Алекс Азер, нема директни ризици за масовно ширење на вирусот во САД , но дека ситуацијата може да се измени поради ненадејното ширење на болеста во други земји, вклучително и Европа.

Според него, до вчера, 25 февруари, во САД биле забележани 14 случаи на зараза со Ковид 19 и таа бројка сеуште не е изменета.

Трамп синоќа по враќањето од Индија изјави дека ситуацијата со коронавирусо во САД е под контрола, но од ЦДЦ во меѓувреме укажаа на можноста вирусот да се прошири во САД.

-Прашањето сега е не дали тоа ќе се случи , туку кога ќе се случи. Американците треба да се подготвени вирусот силно да го поремети секојднвениот живот, иако засега е невозможно да се прогнозира колку широко може да се распространи, изјави Ненси Месонје, експерт од ЦДЦ по прашања за вакцинација.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари