Трамп под силен притисок во Хамбург

Од:

Светските лидери вршат силен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп со цел да попушти во намерата да се откаже од Парискиот договор за климатските промени.

Во заедничко соопштени на потпишано во Хамбург од лидерите на Бразил, Русија, Индија и Кина, кои ја сочинуваат групата БРИКС, се апелира до учесниците на Самитот на Г-20 да ја забрзаат имплементација на Парискиот договор и покрај одлуката на Трамп САД да се повлечат од него.

– Парискиот договор за климатските промени е важен консензус кој што не дојде лесно и од него не смееме да се откажеме лесно. изјави по потпишувањето кинескиот претседател Си Џинпинг.

И британската премиерка Тереза Меј бара лидерите на Г-20 да извршат притисок врз Трамп за климатските промени.

– Нема да преговараме повторно за Парискиот договор, Тоа останува. Но, сакам да видам дали има начин САД да ја сменат својата намера, изјави Меј.

Состанокот на Групата 20 најразивене земји на светот. што се одржува во Хамбург, се оджрува откако Трамп најави низа промени, особено во трговските правила, што придонесе за зближување на европските земји, пред се Германија, со други пазари и економски партнери, како Кина, Индија и Русија. Сите тие се потписници на Парискиот климатски договор.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он