Шолц ги повика Германците да гласаат

Од:

Досегашниот германски канцелар и кандидат на СПД за функцијата Олаф Шолц објави видео на социјалните мрежи во кое ги повика Германците да излезат и да гласаат.

– Одете и гласајте. За повисока минимална плата, за даночни олеснувања за широкото мнозинство, за стабилни пензии и инвестиции во добри работни места и наша безбедност. За стабилна влада и социјална кохезија во нашата земја, напиша Шолц на Х и ги советуваше германците да гласаат за СПД.

Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, додека предизборните анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) имаат најголема поддршка, но ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.

За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД).

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он