Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп и тројца извори запознаени со ова прашање, што значи дека тие би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка. Одлуката се очекува во април, а се работеше дури и пред Трамп јавно да се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.

Тоа е дел од пошироките напори на администрацијата на Трамп да го отповика правниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти кои влегле во Соединетите држави според хуманитарните програми на администрацијата на Бајден, велат изворите. Од американското Министерство за домашна безбедност немаа коментар, ниту Белата куќа или украинската амбасада.

Администрацијата на Трамп планира да ги прекине овие програми, кои се однесуваат и на 530.000 имигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, веќе овој месец, изјави функционер на Трамп и извор запознаен со ова прашање. Мигрантите би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка, се вели во е-пошта од американската служба за имиграција и царина, што ја видел Ројтерс.

Имигрантите кои илегално ја минуваат границата можат да бидат депортирани по забрзана постапка во рок од две години од влегувањето во земјата. За оние кои влегле преку легални канали, како на пример во случајот со хуманитарни програми, нема временско ограничување за нивно депортирање по забрзана постапка.

Преку овие програми во САД пристигнаа и повеќе од 70.000 Авганистанци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвав бунт во Иран: Над 500 убиени, Ајатолахот му се заканува на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тајна испорака, Украина почна да го користи американскиот систем „Темпест“

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна