Трамп: Париз е најубавиот град во светот

Од:

Во рамките на одбележувањето на 100- годишнината од влегувањето на САД во Првата светска војна, американскиот претседател Доналд Трамп е поканет да учествува на прославата на 14 јули од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, убава прилика за подобрување на односите меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција по работната средба, откако еден новинар го потсети Трамп на неговите не многу симпатични изјави за Франција и особено за Париз, Трамп делуваше помирувачки.

– Се ќе биде во ред. Париз е најубавиот град во светот. Вие имате супер претседател. Тој е цврст и силен, беше ентузиаст американскиот претседател.

Макрон од своја страна го бранеше доаѓањето на Трамп, критикувано од дел на француската политичка јавност.

– Мислев дека е важно американскиот претседател да може да учествува во церемонијата на 14 јули… Ние сме свесни дека учествуваме во приказни кои не надминуваат, изјави Maкрон на почетокот на прес-конференцијата.

Трамп пред новинарите го бранеше својот најстар син Доналд Трамп Џуниор, по откривањето на неговата средба со руски адвокат сакајќи да и наштети на Хилари Клинтон, нарекувајќи го својот син „прекрасен човек“, кој „нема направено ништо лошо“.

– Тој имаше средба со руски адвокат. Не со адвокат од Владата, туку руски адвокат. Тоа беше кратка средба, појасни тој .

Макрон и Трамп разговараа и за Сирија, при што францускиот претседател истакна дека за него не е предуслов отстранувањето на Башар ал Асад од власт.

– Ние навистина ја променивме француската доктрина во однос на Сирија, со цел да има резултати и и да се работи во тесна соработка со нашите партнери, особено со Соединетите Американски Држави, посочи Макрон.

Од своја страна, Трамп изјави дека „прекинот на огнот во Сирија е доказ дека разговорите со Путин се успешни“.

Трамп наведе и дека постои можност „нешто да се постигне“ за Договорот од Париз за климатските промени, од кој Вашингтон се повлече пред извесен период.

Но, тој не прецизира што евентуално би било преземено за Парискиот договор.

– Нешто би можело да се случи со Парискиот договор, ќе видиме што. Ќе разговараме за тоа во следниот период. Ако се случи ќе биде прекрасно, ако не се случи тоа, ќе биде во ред. Ќе видиме што ќе се случи, посочи Трамп.

Макрон од своја страна нагласи дека вечерва ќе има вечера со пријатели.

– Можам да ви кажам без двоумење дека вечерва ќе имаме вечера во Ајфеловата кула со пријателите. Бидејќи ние сме претставници на двете држави кои се во сојуз одсекогаш и затоа имаме изградено силна врска на која сум приврзан, бидејќи тоа е важно за нашите две земји, рече претседателот на Франција.

Врските со Франција се “неуништиви”, се пофали Трамп

Потсетувајќи дека „повеќе од еден милион американски војници загинаа бранејќи ја слободата”, и дека американските војници“ се бореа со нив, Доналд Трамп изјави дека е многу среќен да „учествува во парадата за јули 14“.

Претседателот на САД, исто така, смета дека врските меѓу двете земји се “неуништиви”

– Нашите односи се одлични денес, додаде тој.

На средбата, според Maкрон се разговарало и за трговијата и борбата против тероризмот, но и за разликите за климата.

За трговски договори, двајцата претседатели разговараа за „создавање на слободна и ефикасна трговијата и борба против социјалниот нееднаквост“.

Во однос на тероризмот, заклучокот е дека е потребно „зајакнување на борбата против тероризмот со зајакната соработка меѓу двете земји“.

За ситуацијата на Блискиот Исток, Maкрон ја потенцира „заедничка визија“.

За климата, Mакрон рече дека ја „почитува одлуката“ на Трамп за повлекување на САД од Договорот од Париз, но оти тој „останува посветен“ на Договорот.

Сепак, Емануел Maкрон посебно инсистираше на „заедничката цел“ на двете земји, за трговијата, безбедноста, борбата против тероризмот, како и стабилноста на Блискиот Исток.

Интерсно е дека Mакрон и Трамп, надвор од протоколот пристигнаа заедно во Елисејската палата, по посетата на Домот на инвалидите, каде се одржа воена церемонија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп