Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за израелските медиуми, зборуваше за деталите од неговиот план за мир во Газа и уште еднаш повтори колку се блиску до договор.

За време на разговорот за израелскиот Канал 12, Трамп рече дека Хамас мора брзо да дејствува кога станува збор за ослободување на заложниците.

„Имавме одлични реакции на нашиот план. Сите земји во светот се за. Биби е за. Хамас помина долг пат – тие сакаат да го сторат тоа. Сега ќе мора да ги заклучиме последните детали“, рече Трамп.

Покрај тоа, Трамп ги откри деталите од разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кој рече дека има одредени резерви кога станува збор за мировниот план.

„Реков: „Биби – ова е твојата шанса да победиш. Тој се согласи со тоа. Мораше да се согласи со тоа. Нема друг избор. Сите мора да се согласат со мене“, рече Трамп.

Тој, исто така, го пофали пристапот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Тој беше многу корисен во вршењето притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците. Ердоган е многу корисен. Тој е жилав човек, но ми е пријател и беше одличен. Му реков дека направив многу за нив и сега тие треба да го направат ова за мене“, заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“