Трамп одобри поголема продажба на оружје на Јапонија и на Јужна Кореја

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека одобрил продажба на софистицирана воена опрема на Јапонија и на Јужна Кореја.

– Одобрувам Јапонија и Јужна Кореја да купат значително поголемо количество висока софистицирана воена опрема од САД, напиша Трамп на Твитер.

Неговата одлука уследи по последната нуклеарна проба на Северна Кореја.

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп во телефонскиот разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин дал „начелно“ одобрување за укунивање на рестрикциите за ракетните боеви глави на Сеул, како и за продажба на оружје на Јужна Кореја во висина од повеќе милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја