Трамп: Новите санкции кон Северна Кореја не се ништо во споредба со она што ќе се случи

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новите санкции што ОН и ги воведоа кон Северна Кореја неделава, се само мал чекор и „не се ништо во споредба со она што ќе се случи“.

– Ние сметаме дека санкциите се само уште еден многу мал чекор и не се кој знае што, нагласи Трамп пред средбата со малезиски премиер Наџиб Разак.

– Не знам дали има последици од нив, но беше убаво да се соберат 15 гласови „за“ со ниту еден „против“. Тие санкции се ништо во споредба со она што ќе се случи, истакна американскиот претседател.

Во меѓу време, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерка Могерини сооопшти дека Европската унија ќе ги спроведе новите санкции кои и се воведени кон Северна Кореја од страна на ОН, поради нејзиното шесто нуклеарно тестирање и дека планира нови казнени мерки/

– Сега ќе ги спроведеме санкциите на ОН, како што правевме и досега. Нашата цел за Корејски Полуостров без нуклеарно оружје, може да биде постигната само со дипломатски и политички средства. Нема воено решение за таа криза, потенцираше Могерини.

Северна Кореја веќе најави дека ќе го забрза развојот на нејзините нуклеарни и ракетни програма, како одговор на „злонамерните санкции“ што ги воведе Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Климатските трошоци во САД можат да им помогнат на руралните заедници да ја прифатат зелената агенда

Ана Ололовска

Бајден одобри 100 милиони долари од Фондот за итни случаи за авганистанските бегалци

Ана Ололовска

Петгодишно момче од САД почина од Ковид-19, родителите мислеле дека има труење со храна

Жарко Настоски

САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Жарко Настоски

Пелоси одби двајца Републиканци за комисијата за истрага на нападот на Конгресот, Мекарти ги повлече сите кандидати

САД и Германија се договорија за спорниот гасовод „Северен поток 2“, пишува „Вашингтон пост“

Жарко Настоски