Трамп: Немаат поим што мислам јас за Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит џурнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

„Волстрит џурнал“ нема поим што мислам јас за Иран, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, како одговор на извештајот на весникот.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на тројца анонимни функционери, вчера објави дека Трамп им кажал на високите помошници еден ден претходно дека ги одобрил плановите за напад врз Иран, но го одложува давањето на конечната наредба за да види дали Техеран ќе се откаже од својата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

Девојче падна од трет кат во Берлин: Маж стоел под прозорецот и ја фати во последен момент

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

„Портокалова чума“: Гола статуа на Трамп изложена во Европскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“