Трамп: Нема да го депортирам принцот Хари, тој има доволно проблеми со сопругата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го депортира принцот Хари од Америка и покрај правната битка за неговиот имиграциски статус.

„Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мира. Има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“, рече Трамп.

Принцот Хари моментално се соочува со правни предизвици во врска со неговиот престој во САД. Конзервативната тинк-тенк фондација Херитиџ поднесе тужба во Вашингтон, тврдејќи дека војводата од Сасекс можеби ја криел неговата употреба на нелегални дроги, што би можело да му одбие американска виза.

Во своите мемоари „Spare“, Хари призна дека користел кокаин во тинејџерските години, како и дека експериментирал со канабис и халуциногени печурки.

Фондацијата Херитиџ ги наведе овие признанија во тужбата против Одделот за домашна безбедност, барајќи објавување на информациите за визата на Хари. Тие, исто така, предложија претходниот претседател, демократот Џо Бајден, да му даде посебен третман кога се пресели во Калифорнија по „Мегксит“ – моментот кога Хари и Меган официјално ги напуштија кралските должности.

Трамп во интервју за Њујорк пост додаде дека мисли дека братот на Хари, принцот Вилијам, е „одличен млад човек“.

Двајцата се сретнаа зад затворени врати во декември, по повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави снимка од нападот врз Кувајт: Ракетата има налепница од претепаниот Трамп

Седете и опуштете се, се ќе заврши добро, порача Трамп

ВИДЕО: Клучниот теснец под двојна блокада, се заканува глобален недостиг на храна

ВИДЕО: Американците повторно го напднаа Иран

(ВИДЕО) Трамп: Од Иран барам гаранции дека нема да развива нуклеарно оружје

Иран: Трамп не е преговарач

Горан Наумовски