Трамп не се откажува: Сака да копа во Русија и Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека потпишал извршна наредба за „драматично зајакнување“ на производството на критични и ретки метали.

Трамп додаде дека Вашингтон, исто така, бара да потпише договори „на различни локации“ за откривање на метали од ретки земји и други ресурси, вклучително и Украина и Русија.

Тој прецизираше дека договорот со Киев треба да биде потпишан „многу наскоро“, истакнувајќи дека Украина има „огромна вредност“ во однос на ретките метали.

Ретките земјени метали, како што се итриум, лантан, цериум, неодимиум и други, се користат во производството на високотехнолошки уреди како што се компјутери, паметни телефони и одбранбени системи.

Би можело да ве интересира

Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистите

Трамп повторно го турна Волстрит, доларот на најниско ниво во последите три години

Знамињата на јавните институции во САД се спуштени на половина копје во чест на смртта на папата Франциск

WSJ: Трамп се заканува дека ќе го намали финансирањето на Харвард за уште една милијарда долари

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски