Песков: Сè уште чекаме на преговори со Киев

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот лидер Владимир Путин рекол дека Москва чека датум за разговори со Киев.

„Претседателот го информираше својот американски колега дека сега чекаме да се договорат датумите за третата рунда директни разговори“, изјави портпаролот на Кремљ.

Вториот круг разговори меѓу Русија и Украина се одржа на 2 јуни, а двете страни разменија нацрти на меморандум за мирно решавање, а исто така се согласија и за размена на тешко ранети воени заробеници и телата на загинатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници