Трамп најави нови царини: Од 1 август, стапки ќе се движат од 10 до 70 отсто

Од:

Новиот царински режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека неговата администрација ќе започне со испраќање формални известувања до трговските партнери за воведувањето нови царини што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи.

Во обраќањето пред новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за царините најдоцна до 9 јули, објави Блумберг.

Новиот царински режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори. Тој рок истекува на 9 јули, а американскиот претседател посочи дека нема да има дополнително продолжување.

Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави постигнаа три трговски договори – со Виетнам, како и рамковни договори со Кина и Обединетото Кралство.

Белата куќа сè уште преговара за царини со клучни партнери како Европската Унија, Јапонија, Индија и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага