Трамп: Не можам да кажам дали Путин сака војната да заврши

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „не може да каже“ дали Владимир Путин сака крај на војната во Украина, но најави дека ќе дознае „за околу две недели“.

„Моите пораки до Русија зборуваат гласно“, рече Трамп, предупредувајќи дека ќе „реагира поинаку“ ако открие дека Путин само одложува.

„Наскоро ќе откриеме дали нè користи или не, а ако е така, ќе реагираме малку поинаку“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Тој додаде дека е „разочаран“ од она што се случува во Украина, повторувајќи ги критиките кон Русија по големите напади со ракети и беспилотни летала минатиот викенд.

Кога го прашаа зошто сè уште не вовел санкции врз Русија, Трамп одговори дека не сака да „ја уништи шансата за мировен договор“, додавајќи дека е подготвен да седне на маса и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со Владимир Путин, доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери