Трамп најави значително зголемување на санкциите кон Русија

Од:

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денес изјави дека Белата куќа наскоро ќе објави „значително зголемување на санкциите врз Русија“.

„Или ќе објавиме по завршувањето на разговорите денес попладне, или утре наутро, значително зголемување на санкциите врз Русија. Ќе мора да почекате и да видите што е тоа“, изјави Бесант пред новинарите во Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.

Официјален претставник на Белата куќа претходно изјави дека се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да објави значително зголемување на новите санкции поврзани со Русија.

Тој рече дека не се очекува санкциите да важат за Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Русија ѝ се закани на Австрија

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош