Трамп најави двојни царини за увоз на челик

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна.

„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди американската челична индустрија“, рече тој на митинг во Пенсилванија.

Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на фиксни 25 проценти „без исклучоци или откажувања“ во еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите што се борат со странска конкуренција.

Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји што извезуваат во САД без царина.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски