Трамп на Твитер објави фотомонтажа со свој хотел на Гренланд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотомонтажа на свој хотел на Гренланд, откако потврди дека неговата администрација е заинтересирана за купување на Островот.

Фотомонтажата е објавена откако премиерката на Данска и на Гренланд, Мете Фредериксен и Ким Киелсен изјавија дека полуавтономната данска територија не е на продажба.

– Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд, напиша американскиот претседател на фотомонтажата на која е прикажан златен облакодер на кој пишува „Трамп“ помеѓу населба од гренландски куќи.

По објавата на Трамп, Киелсен напиша „никој не смее да одлучува за нас, мораме да бидеме почитувани, а нашите интереси секогаш мора да бидат најважни“.

Трамп во неделата потврди дека САД се заинтересирани за купување на најголемиот остров во свет. Вашингтон и во минатиот век се обидуваше да го купи Гренланд, но Данска одби.

Гренланд е независна територија, додека Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски