Трамп може да ја запре изградбата на „Северен поток 2“, тврди амбасадорот на САД во ЕУ

Од:

Вашингтон располага со средства да ја запре реализацијата на проектот за изградба на гасоводот „Северен поток 2“, изјави денеска амбасадорот на САД во Европската Унија, Гордон Сондленд.

Според него, со овој гасовод Европа би се нашла во геополитички ранлива позиција.

– Кога Европејците се ранливи, тогаш и САД се ранливи. Не сакаме гасот да биде исклучен во зима поради некаква криза, изјави Сондленд, алудирајќи на неколкуте случаи на запирање на дистрибуцијата на гас од страна на рускиот енергетски гигант „Газпром“ во 2009 година, поради спорот меѓу Москва и Киев. Тогаш големи делови од Источна и Централна Европа останаа без гас за затоплување во текот на зимата.

Сондленд истакна дека САД не дозволуваат Европа повторно да се најде во таква ситуација.

– Доколку ЕУ не ја разбере таа логика, тогаш претседателот на САД може да искористи лепеза од разни инструменти кои ни стојат на располагање и да ја запре реализацијата на тој проект, изјави американскиот амбасадор.

Според него, САД поседуваат многу инструменти кои се уште не ги искористиле за да го блокираат проектот, додавајќи дека се повеќе европски земји сметаат дека зависноста од рускиот гас е неправилно решение.

Полска минатата недела потпиша долгорочен договор за снабдување на течен природен гас со американската компанија „Шение Маркетинг Интернешнл“, која ги поседува најголемите капацитети за производство на овој енергенс во САД.

Според полски извори, американскиот течен природен гас е за 30 отсто поевтин од рускиот.

Третина од вкупните потреби за гас Полска ги задоволува од сопствени извори, додека најголем дел од останатите потреби ги покрива со увоз на енергенсот од Русија.

Со договорот со американската компанија, Полска сака да се ослободи од зависноста од руски гас.

Покрај Полска, и балтичките земји и Украина се против изградбата на „Северен поток 2“, кој од Русија, преку Балтичкото Море, треба да оди директно до Германија. Овие пет земји се заобиколени од транзитот на руски гас низ нивна територија и „Газпорм“ ги кориси само како потрошувачи, а не како партнери.

Претседателот на Украина, Петар Порошенко, неодамна имаше средба со американскиот секретар за енергија Рик Пери, на која се разговараше за можноста Украина да се снабдува со гас од САД и да користи американска технологја за експлоатација на јаглеводородни наоѓалишта.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски