Трамп мораше да прекине брифинг поради пукање во близина на Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп мораше набрзина да ја напушти конференциската сала, само неколку моменти откако почна брифингот за коронавирусот, а веднаш потоа се врати на подиумот за да им каже на новинарите дека обезбедувањето го оддалечило од брифингот затоа што имало пукање во близина на Белата куќа.

– Би сакал да ѝ се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница, рече Трамп.

Како што рече, изгледа дека лицето било застрелано од тајната служба „па ќе видиме што се случува“, додаде тој и истакна дека не знае во каква состојба е лицето во кое било пукано.

Висок службеник на администрацијата потврди за Си-Ен-Ен дека лицето кое отворило оган е уапсено.

Инцидентот се случил на границата на 17-та и авенијата Пенсилванија, веднаш пред дворот на Белата куќа, во близина на паркот Лафајет.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски