Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Соединетите држави сепак ќе го купат Гренланд од Данска, и покрај инсистирањето на земјата дека нејзината прекуморска територија не е на продажба.

„Верувам дека ќе го добиеме Гренланд“, им рече Трамп на новинарите за време на патувањето од Лас Вегас до Флорида, пренесе АП.

Сепак, последниот дански министер за арктичкиот остров, Том Хојем, изјави за Sunday Times дека доколку Данска сака да го продаде Гренланд, Велика Британија ќе го има првиот избор, според условите на договорот склучен пред повеќе од еден век.

За најавените амбиции на претседателот на САД да го купат Гренланд од Данска, чија прекуморска територија е, тој рече дека обврската на Обединетото Кралство да му понуди право на првенствено купување се заснова на сè уште валиден договор од 1917 година, кога Соединетите Држави за прв пат се обидоа да го заземат островот.

Тој рече дека тогашниот американски претседател Вудро Вилсон се согласил дека Гренланд, најголемиот остров во светот, е дански и секогаш ќе биде таков.

„Ако Трамп се обиде да го купи Гренланд, прво ќе треба да го праша Лондон. Обединетото Кралство побара во 1917 година дека ако Гренланд биде продаден, тогаш Велика Британија ќе има право на прво одбивање“, рече Хојем, кој беше претставник на Копенхаген на островот од 1982 до 1987 година и е експерт за неговата сложена историја.

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен во петокот, а Хојем рече дека двајцата се согласиле да ги одложат разговорите за Гренланд.

Договорот од 1917 година беше дел од аранжманот за купување на денешните Американски Девствени Острови од Данска од страна на Вилсон за 25 милиони долари, кога Вилсон беше поканет од познат бизнисмен да го купи и Гренланд, кој се наоѓа на западната хемисфера, но тој одби.

При купувањето на Девствените острови од Данска, таа земја побарала од САД да потпишат писмо во кое се наведува дека Гренланд „е и засекогаш ќе биде дански“, на што, според Хојем, се согласил и американскиот претседател Вилсон.

„Јас самиот го видов оригиналниот документ во музејот. Тоа значи дека Соединетите Американски Држави законски прифатиле дека Гренланд е дански и секогаш ќе биде таков. Но, се чини дека Трамп никогаш не слушнал за тоа“, рече Хојем.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив

Трамп ја повтори желбата Палестинците да се преселат во Египет и Јордан

Калас: ЕУ не преговара за Гренланд, секако дека ја поддржува својата членка Данска