Трамп: Многу го цениме ослободувањето на Фогел од страна на Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД многу го ценат фактот што руските власти го ослободија американскиот државјанин Марк Фогел. Ова, според него, може да стане важен елемент во решавањето на украинската криза.

„Навистина ценам што му дозволија на Марк да се врати дома. Го цениме тоа што го направи рускиот претседател Владимир Путин“, рече Трамп.

И Трамп и Фогел изразија благодарност до Путин, а ослободениот Американец рече дека одлуката на рускиот претседател да го помилува ја гледа како великодушен гест.

Зборувајќи за процесот на решавање на украинскиот конфликт, американскиот претседател повтори дека е постигнат значителен напредок.

„Ослободувањето на Фогел може да биде многу важен елемент во процесот на завршување на украинскиот конфликт. Мислам дека постигнавме значителен напредок“, рече Трамп, додавајќи дека постои добра волја во процесот.

Фогел беше приведен на аеродромот Шереметјево заедно со неговата сопруга во август 2021 година. Во неговиот багаж биле пронајдени марихуана и масло од коноп.

При претресот било утврдено дека неговата сопруга, која била пуштена дома, пред да пристигне полицијата успеала да извади докази од станот.

Како што појасни руското Министерство за внатрешни работи, до мај 2021 година, Фогел и неговата сопруга имале дипломатски статус. Според една верзија, осомничениот можел да го искористи ова за да организира канал за испорака на дрога во Русија, што го дистрибуирал меѓу учениците од англо-американското училиште каде што работел како учител.

Поранешен вработен во американската амбасада е обвинет за шверц и складирање на големи количини на дрога, пренесува Спутник. Фогел целосно ја призна вината. а судот во Московската област го осуди на 14 години затвор.

Би можело да ве интересира

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

„Вашингтон пост“: САД се подготвуваат за граѓански немири

Горан Наумовски

Трамп: Тој е криминалец и треба да биде во затвор, грда личност, одвнатре и однадвор

Горан Наумовски

Путин нареди прекин на огнот во три региони на Украина

ВИДЕО: Трамп нареди тестирање за нуклеарно оружје по 30 години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп и Џипинг се договорија за ретките метали, царините за кинеските стоки намалени

Катерина Ѓуровски