Трамп: Масакрот во Лас Вегас е „акт на чисто зло“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека нападот во Лас Вегас, при кој, според, последните податоци, загинаа 50 лица, а најмалку 406 се повредени, претставува „акт на чисто зло“.

Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека земјата е „во жалост, шок и тага“ поради масакрот во Лас Вегас.

Тој ги поздрави напорите на припадниците на полицијата, кои за кусо време го открија напаѓачот, кој се самоуби пред полицијците да упаднат во соба на 32. кат од хотелот „Менделеј Беј“, од каде тој стрелаше врз присутните на музички фестивал во Лас Вегас.

– Брзината со која дејствуваше полицијата е чудесна и тоа спречи натамошни жртви. Ќе и бидеме вечно благодарни за брзината со која беше пронајден напаѓачот набрзо по првите истрели, порача Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина