Трамп: Лажна вест е дека снемувам пари за претседателската кампања

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска демантираше дека останал без пари за кампањата пред изборите закажани за 3 ноември.

Трамп на Твитер напиша дека постојано чита лажни вести.

„Се пишуваат разни лаги за мене, дека немам пари за кампањата“, напиша Трамп, наведувајќи дека „дури и сето тоа да беше вистина, јас би ги користел своите пари за кампањата, убеден дека ќе бидам реизбран на 3 ноември“.

„Дури, имаме толку многу пари што е многу поголема сума отколку на претходните избори, а сепак, потрошивме значително помалку пари од расипаната Хилари (Клинтон). И покрај сè, лесно победивме”, напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски

САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година

Волц: Трамп ќе размисли за обновување на испораките за Украина доколку се изгради доверба

(ВИДЕО) Стармер: Треба да го поддржуваме Зеленски, а не да му ласкаме на Путин

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

(ВИДЕО) Конгресмен исфрлен од седницата за време на говорот на Трамп

Горан Наумовски