Трамп ќе употреби ветo ако Конгресот гласа против ѕидот кон Мексико

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп подготвен е првпат да употреби вето ако Конгресот биде против неговата објава за вонредна состојба долж границата со Мексико. Тоа го нагласи денеска во изјава за ТВ Фокс, Стивен Милер советник на Трамп.

– Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, изјави Милер.

Вонредната состојба Трамп ја објави во петокот со желба да го избегне Конгресот за финансирање на ѕидот кон Мексико. На тоа се противат демократите и одбиваат во буџетот да бидат вклучени 5,7 милијарди долари потребни за негова изградба. Со прогласување вонредна состојба му е дозвоилено да користи федерални средства, но се соочува со правни и политички предизвици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски