Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се вклучи во средбата на врвот на државите членки на НАТО во Брисел закажана за 25 мај. Тоа го соопшти Белата куќа.
– Претседателот очекува на средбата со колегите од НАТО да се потврди решителноста и приврзаноста кон Алијансата, да се разгледаат важни прашања за НАТО, особено за распределување на одговорноста меѓу сојузниците и улогата на организацијата во борбата со тероризмот, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.