Трамп: Ќе се бориме и ќе победиме, Белата куќа тврди дека претседателот не е лажго

Од:

Ќе се бориме и ќе победиме, изјави денеска пред свои приврзаници претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ваквата изјавата тој ја даде по сведочењето на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми пред сенатска Комисија за разузнавање.

– Ние сме под опсада, но ќе излеземе од неа поголеми и подобри и посилни, изјави Трамп во врска со истрагата за наводно руско мешање во изборите лани на кои тој победи.

Портпаролка на Белата куќа, Хакаби Сандерс ги оспори тврдењата на Коми дека Администрацијата на Трамп ширела „лаги“ за него и го наклеветила.

– Со сигурност може да кажам дека претседателот не е лажливец, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

САД повторно испраќа воена помош за Украина

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните